Здравствени прегледи за жени

Цементарница УСЈЕ АД Скопје нуди еднаков третман и можности за сите свои вработени, без разлика на нивниот пол. Ние обезбедуваме предавања за мерки на превенција и медицински прегледи за нашите вработени од понежниот пол. 
Со оваа програма нашите вработени кои се припаднички на понежниот пол можат да ја подобрат својата здравствена состојба преку превентивни мерки и да ги намалат нивните медицински потреби. Наш партнер за соработка во оваа програма е најдобрата гинеколошка клиника во Скопје.