Aктивности на Цементарница УСЈЕ АД Скопје во основните училишта

Цементарница УСЈЕ АД Скопје, покрај придонесот и донациите на основните училишта во Општината Кисела Вода во областа на животната средина, од оваа година започна активности кои придонесуваат за подигање на нивото на здравјето и  безбедноста во училиштата и градинките. Овие активности во  училишните дворови на основните училишта претставуваа иницијална фаза од проектот на УСЈЕ чија цел е подобрување на целокупните услови во училиштата како дел од нашата доброволна обврска за поддршка на образованието и образовниот процес во земјата.

ОУ Невена Георгиева Дуња
На ден 16.06.2010, дел од вработените во  Цементарница УСЈЕ АД Скопје учествуваа во активностите во основното училиште "Невена Георгиева Дуња" како уредување на делот од училишниот двор (тревникот), асфалтирање на просторот зад новата спортска сала на училиштето, сечење на гранки и стари суви дрвја и расчистување на истите. Наскоро ќе започнат и активности за санација на оградата долж периметарот на училишниот двор.


 

Градинка Весели цветови
На ден 24.06.2010 година, дел од вработените на УСЈЕ предводени од Главниот извршен директор, г-дин Антониос Николопоулос, извршија боење на дел оградата на дворот на градинката Весели цветови која претходно беше целосно заменета од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје во должина од 85м. УСЈЕ ги обезбеди боите и другиот потребен материјал и прибор за боење на оградата. Секако, УСЈЕ и нашите вработени не би го постигнале истиот резултат без драгоцената помош на децата згрижени во градинката, нивните учителки и родители