УСЈЕ ја усвои Политиката за КОО на Групацијата ТИТАН

„Корпоративната општествена одговорност (КОО) е една од вредностите на Титан и е вградена во нашата Водечка цел. Таа претставува чекор понапред од усогласеноста со законите и регулативите, свесна и слободна заложба за подобрување на светот околу нас. Таа има човечки, општествени и еколошки димензии.

…Свесни сме дека нашето работење има влијание врз животната средина и заедницата. Оттаму, се обврзуваме да ги ублажиме и намалиме овие влијанија со,,нанесување помалку штета“.

...Ќе продолжиме да ги следиме нашите деловни цели на општествено одговорен начин, притоа придонесувајќи за добросостојбата на нашите вработени, нивните семејства, заедницата и општеството како целина, накусо ,,чинејќи повеќе добро“.

...На нашата заложба за КОО гледаме како на проактивно и постојано самоподобрување и процес на континуирано учење, прилагодувајќи се на сложеното деловно и општествено опкружување кое постојано се менува. Затоа, слушањето, интеракцијата, комуницирањето и градењето на меѓусебната доверба со нашите засегнати страни се од суштинска важност...“

Ова е само дел од Политиката за КОО на Групацијата која УСЈЕ ја усвои на почетокот на годината, покрај Политиките за квалитет, за здравје и безбедност при работа и за заштита на животната средина, како потврда на нашата заложба и доброволна обврска да делуваме како одговорен корпоративен граѓанин и да придонесеме кон одржливиот развој, интегрирајќи хумани, еколошки и социјални елементи во нашата деловна практика.