Премиерот, Никола Груевски, во посета на УСЈЕ

21.10.2010, Скопје

Претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски денеска ја посети Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Притоа тој имаше можност да се запознае со индустриските капацитети на компанијата, да се сретне со вработените и да оствари разговор со менаџментот за потенцијалите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

Покрај Премиерот, во Владината делегација што ја посети Компанијата беа и Вицепремиерот Владимир Пешевски и Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова. 


По средбата, Главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Антониос Николопулос изјави:
„Цементарница УСЈЕ АД Скопје е почестена со денешната посета на Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, Вицепремиерот Пешевски и Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Лепиткова. При обиколката на Компанијата, разговаравме за предизвиците со кои се соочува нашата Компанија во сегашната сложена економска ситуација. Задоволни сме од личниот интерес на Премиерот за нашето работење и нашите потенцијали и од континуираната позитивна поддршка на Владата.“