Јавна расправа по Нацрт А-интегрираната еколошка дозвола

Скопје, 21.10.2010 година

Во салата на ресторан Журнал во Општина Кисела Вода се одржа Јавна расправа по Нацрт Дозволата за усогласување со оперативен план за Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

На јавната расправа присуствуваше Раководство на  Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а како претставници на локалната и централната власт, на присутните се обратија г-н Марјан Ѓорчев, Градоначалник на Општина Кисела Вода, и г-н Филип Иванов, Директор на Управата за животна средина во склоп на Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Во позитивна атмосфера, низ низа презентации и дебати, претставниците од локалната и централната власт, раководството на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како и сите присутни учесници се согласија дека Цементарница УСЈЕ АД Скопје, не само што ги задоволува законските барања за добивање на една ваква дозвола, туку превзема и дополнителни активности за заштита на животната средина. Демонстрирајќи такво ниво на заинтересираност, ангажираност и мотивираност за создавање на заедница во која паралелно со економскиот и социјалниот развој, се гради и еколошката свест и се превземаат мерки за унапредување на заштитата на животната средина, Цементарница УСЈЕ АД Скопје создава еден современ модел на индустрија кон кој треба да се стремат сите индустриски капацитети.