Училишен пакет за секој ученик

Август 2010, Скопје
Следејќи ја својата социјална политика за поддршка на образованието и грижа за своите вработени, Цементарница УСЈЕ АД Скопје традиционално, секоја година од 2003 наваму, доделува стипендии за сите студенти на додипломски и постдипломски студии – деца на наши вработени за секоја успешно запишана година од студиите.

Традиционално, Цементарница УСЈЕ АД Скопје организира новогодишна прослава за најмладите деца на своите вработени да се дружат и запознаат подобро. Сите деца на вработените добиваат и подарок, вклучувајќи и книги.

Од 2010 година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје започна и со подарување училишни пакети, кои вклучуваат училишни ранци, тетратки и полни училишни прибори за сите ученици во основно и средно училиште – деца на наши вработени.