Предновогодишни донации на УСЈЕ за најмладите

Во пресрет на Новогодишните празници, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во склоп на активностите за социјална одговорност направи неколку донации за најмладите.

На 23.12.2010 година претставници на компанијата заедно со Главниот Извршен Директор ја посетија детската градинка Весели цветови - Мимоза во Општина Кисела Вода каде донираа опрема за игралиште.  Опремата вклучува реквизити како детска куќичка, тобоган, масички и столчиња, клацкалки и други играчки.
Децата со радост ги пречекаа играчките, а за гостите приредија весела приредба.



На 31.12.2010 година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје донираше новогодишен свечен ручек за децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Околу 60-тина деца згрижени во овој Дом имаа можност да се запознаат со вработени во УСЈЕ кои поразговараа со нив и им донираа ручек заради разубавување и давање свеченост на прославата на дочекот на Новата година.