Управување со изведувачи

За Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како дел од групацијата ТИТАН, безбедноста при работа на своите вработени како и безбедноста на сите инволвирани страни вклучени во работните процеси на Компанијата претставува еден од врвните приоритети.

Во таа насока, на 4. февруари 2011 година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје организираше презентација на Системот за управување со изведувачи на која присуствуваа околу 150 претставници на фирми соработници на УСЈЕ.

Целта на на презентацијата беше промовирање и официјално отпочнување со имплементацијата на еден нов, организиран и сеопфатен систем за управување со изведувачите, од аспект на безбедноста при работа.

Наш основен двигател при изготвувањето на целокупниот систем беше подигнување на свеста на нашите изведувачи за безбедноста при работа како и елиминирање на сите потенцијални ризици, кои би ја довеле во прашање безбедноста на луѓеto ангажирани за било каква активност на работниот простор на Компанијата.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ќе продолжи да се залага за ширење на своите вредности, знаење, искуство и експертиза во насока на спроведување на нашата корпоративна политика насочена кон обезбедување здрава и безбедна работна околина за сите наши директни и индиректни вработени.