Ден за Зазеленување на Околината

Цементарница УСЈЕ на 17.10.2009 год. (сабота), за своите вработени и нивните семејства организираше Ден за Зазеленување на Околината. Фамилијарниот Ден за Зазеленување под мотото ЗАЕДНО ЗА ПРИРОДАТА имаше за цел подигнување на нивото на грижа за околината кај нашите вработени и нивните семејства, преку засадување дрвца во нашиот рудник за лапор, а воедно и јакнење на нашиот тимски дух преку заедничка активност. 


Околу 270 луѓе, вработени во Цементарница Усје, заедно со своите семејства и пријатели, жителите на околните куќи, како и вработените од неколку фирми кооператори на Усје, засадија околу 1000 дрвца во рудникот за лапор и пристапните патишта до рудникот, од типот Акација, смрека, јасен и бор. 


На зелените површини во близина на рудникот беше организирана забава, која вклучуваше и детско игралиште поставено под широки шатори. Повеќе од 50 деца и внуци на наши вработени се забавуваа, а им беа поделени и сликовници за заштита на природата. 

По завршување на активностите околу засадувањето, беше подготвена скара, па сите присутни ручаа заедно, разговарајќи и уживајќи во сончевиот саботен ден. 


Ова беше прекрасна прилика да се направи нешто позитивно за природата, за подобрување на нашата блиска околина, а и за нас самите. Тоа претпладне, секој од нас засади 3-4 дрвца и даде свој придонес за Планетата. Истовремено, сите кои учествуваа во оваа заедничка активност, имаа можност и да се забавуваат и да разговараат со своите блиски, но и подалечни колеги, и да ги запознаат нивните семејства. 

УСЈЕ ќе продолжи во истата насока, ќе организира слични активности следната пролет и есен. Планираме нашиот фамилјарен Ден за Зазеленување на Околината да прерасне ви Отворен ден за Зазеленување, како би ги поттикнале и жителите од околината да учествуваат, па така би можеле заедно да насадиме многу и многу повеќе дрвца заедно.