Програма за стручна обука на невработени млади луѓе од соседните заедници

Младите невработени кадри од нашите соседни заедници имаат извонредна можност за нивна понатамошна професионална надградба.
Стручната обука на Цементарница УСЈЕ АД е во комбинација со практичното искуство кое може да помогне и да понуди нови перспективи за вработување на овие млади кадри.

Учесниците на оваа тримесечна едукативна програма се здобиваат со практични и теоретски знаења за механичко одржување, производство на цемент, како и знаења од областа на здравјето и безбедноста и одржувањето на околината.