УСЈЕ се приклучи на акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина„

14.03.2009, Скопје. Менаџерскиот тим на Титан Цементарница УСЈЕ заедно со вработените се приклучи на третиот ден од акцијата Ден на Дрвото - Засадија својата иднина, што годинава се одржа на 14 март 2009 година. За време на овој ден од  Акцијата „Ден на Дрвото„ беа засадени два милиони дрвца на повеќе локации низ земјата.

Усје ја подржува оваа нацоинална еколошка активност од самиот нејзин почеток со целосна поддршка од менаџерскиот тим и членовите на извидничкиот одред Галеб, кога вработените на Усје учествуваа на првиот ден на дрвото на 12 март 2008 година во пошумувањето на опожарените ридови околу селото Ајватовци.
 



„Заштитата на животната средина и нејзиното унапредување е еден од приоритетите на нашата компанија. Преку неколку проекти Цементанрица УСЈЕ А.Д. веќе неколку години активно придонесува за заштита и унапредување на животната средина во рамките на општината Кисела Вода. Акцијата Ден на дрвото - Засадија својата иднина, преку која ќе се засадат 6 милиони садници е исклучително благороден чин кој ние го поздравуваме и со задоволство се приклучуваме„, вели Антони Николопулос, Главен Ивршен Директор на Титан Цементанрица УСЈЕ.

Во соработка со локалната самоуправа, основните училишта и градинки во општината Кисела Вода,Титан Цементарница УСЈЕ  веќе неколку години е иницијатор и покровител на хортикултурни проекти во чии рамки се организират активности за одржување на постојниот хортикултурен појас и садење на нови дрва и цвеќиња како и целосно средување на зелениот простор во овие образовни институции.