Цементаријада - спортски натпревари на вработените во цементарниците

17-20 јуни, 2010, Златибор, Србија

Вработените во Цементарница УСЈЕ АД Скопје учествуваа на 21-та Традиционална Цементаријада 2010 која се одржа на Златибор, Србија под покровителство и организација на ТИТАН Цементара Косјериќ. Покрај учесниците од УСЈЕ, вработени од 4 други цементарници од регионот учествуваа во овој друштвено-спортски настан, поточно Цементара Лукавац од Босна, Лафарж Беочин, Холцим и ТИТАН Цементара Косјериќ од Србија, со околу 300 учесници.
Учесниците се натпреваруваа во 10 спортови и тоа: мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, стрелаштво, пикадо, риболов, пинг-понг и шах.
Вработените на УСЈЕ освоија пехари за 1-во место во стрелаштво (жени, поединечно),  2-ро место во стрелаштво (жени, екипно), 2-ро место во пикадо (жени, екипно) и 3-то место во риболов (мажи, екипно).



Освен тоа, Раководителот на Машинско одржување во УСЈЕ, г-дин Стојанче Милевски освои пехар за најдобар фудбалер. Цементарница УСЈЕ АД Скопје доби и пехар за фер плеј.
Главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, г-дин Антониос Николопоулос активно учествуваше во Игрите, особено во фудбалските натпревари.
Покрај спортските активности, учесниците на овој настан имаа и организирани вечерни дружења за да се запознаат и да разменат искуства и мислења.