Хидро сеење – добра практика за рекултивација на површински копови


Цементарница УСЈЕ АД Скопје е целосно посветена на одржливиот развој и грижата за животната средина преку три клучни приоритети: употреба на еколошки технологии, рекултивација на пределите во кои се одвивале нашите активности и култивирање на еколошки одговорни ставови и однесување.

Следејќи ги позитивните искуства од другите копови за суровина на Групацијата ТИТАН, Цементарница УСЈЕ АД Скопје започна со постапка на хидро сеење во рудникот за лапорец. Технологијата и опремата за оваа специфична техника беше обезбедена преку Дирекцијата на ТИТАН, Грција.



Хидро сеењето е релативно нова техника, каде со помош на специјална пумпа и друга мобилна опрема, на површината за рекултивација се распрскува смеша од различни семиња на треви, геофиксатор и вода.

Првата кампања на хидро сеење на рудникот за лапорец во УСЈЕ се реализираше есента 2009 година и првите резултати се веќе видливи. Во текот на оваа втора кампања со хидро сеење во април 2010 година, опфатени се околу 1 ха од јужните и западните етажи на рудникот.

Претходните добри резултати добиени со техниката на хидро сеење нé охрабруваат да продолжиме со оваа практика за ремедијација и во следните сезони.