Нашите Производи


Контрола на Квалитетот

Светските трендови во однос на квалитетот на цементот постојано се следат од страна на Секторот за квалитет на Цементарница УСЈЕ како и од Одделот за истражување и развој и оној за квалитет на Групацијата ТИТАН во Атина. Тие соработуваат со многу други институции на национално и интернационално ниво во бројни области.

Овие институции вклучуваат јавни авторитети, универзитети и институти за испитување материјали и професионални здруженија. Развојот и дизајнот на новите видови цемент исто така се извршува во соработка со Институтот за тестирање и развој на нови технологии „Скопје“ – Скопје, Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Словенечкиот институт за народни градби и градежништво и Германското здружение за цемент (VDZ).

УСЈЕ има модерен Оддел за контрола на квалитет: физичките, механичките и хемиските анализи на суровини, тестирањето на згура и цемент, како и тестирањето на горива се извршуваат со постојана грижа за модерна опрема.

Нашите експерти за контрола на квалитетот се компетентни и постојано се  дообучуваат преку тестирања помеѓу лабораториите (IMS Belgrade, ATILAH and EUROCERT-Athens) и специјализираните работилници.

Квалитет на Цементот

Многуте квалитети на цементот – силата, трајноста и флексибилноста - меѓу другото се она што го прават еден од најпопуларните градежни материјали во светот. Цементот е хидрауличен бидејќи хемиски реагира кога се меша со вода сè додека не се зацврсти. Цементот може да се зацрсти и во суви и влажни услови, и дури и под вода.

Цементот е неверојатно податлив за формирање: кога доаѓа во контакт со вода и агрегати како песок и чакал, цементот може да се формира во каков било тродимензионален облик. Цементот и бетонот направен од него е траен како камен. Цементот ја задржува својата форма и обем и покрај климатските услови, а неговата трајност се зголемува како што поминува времето. Цементот е толку ефектен адхезив што откако еднаш ќе се зацврсти е речиси невозможно да се уништи наговата врска со материјалите како тула, челик, чакал и камен.

Зградите изградени со производи од цемент се поводоотпорни кога односот на цемент е поголем во однос на агрегатите (додатоците во бетонот).

Цементот може да озбезбеди одлична заштита од бучава кога дебелината на цементните подови, ѕидови и покриви е прецизно пресметана. Дел од опремата која се користи за тестирање на квалитетот на нашите цементни производи во Секторот за Контрола на Квалитет е наведена подолу.

1. Мешалка Mixer Toni MIX

Подготвување стандардни призми со автоматска постапка на мешање која вклучува и дотур на вода во согласност со ISO 679, EN 196-1, DIN 1164, ASTM 305 и други стандарди. Убедлив безбедносен концепт преку електрични заклучена област на тестирање, заштитен слој направен од поликарбонати според CE дизајните за ергономичност и безбедност.



2. Јолтинг апарат (Jolting Apparatus)

Се користи за изедначување примероци на малтер 40x40x160mm во тројни (triple-gang) калапи со ToniTechnik дизајн, технички податоци и функции кои се строго во согласност со EN 196-1 и ISO 679.





3. Компјутерски контролиран Vicat Needle Apparatus ToniSET Compact

Опремена со 6 места за мерење за одредување на времето за зацврстување на цементот според EN 196-3; DIN 1164.






4. Сушилница

Климатизирана/ климатска складишна комора за складирање на примероците во калапот под стандардизирани услови според EN196-1






5. Преса  Test Plant ToniPRAX

Се состои од: Toni Trol „Standard“ Мерење контролирано од микропроцесор и контролен систем 4-сериски и еден паралелен интерфејс. -Рамка за полнење 10kN ; за тест за виткање во согласност со EN 196-1, ASTM C348. -Рамка за полнење 300kN – 3000 kN за тест за компресија во согласност со EN 196-1, ISO 679, ASTM C 109, BS 4550-3.

6. LECO SC-144 DR

Leco’s SC 144-DR го одредува сулфурот/јаглеродот во различни органски матрици, цемент, ѓубрива и почви. ASTM одобрена техника која го одредува сулфурит или јаглеродот истовремено или поединечно преку употреба на директно согорување/инфрацрвена детекција.




7. ARL 9900 Ренгенски спектрометар

Наменет да ги задоволи барањата каде набљудувањето на процеси е критично за контролата на квалитетот. Флуоресцентната технологија на рендгенски зраци кои ја дисперзираат енергијата е всушност еден од наједноставните, најточни методи за одредување многу видови материјали.

Соодветната комбинација на компоненети за подготвувањето сирови каша, чакал и цемент за целокупниот квалитет на менаџирање производи се осигуруваат додатно преку употребата на модерен спектрометар на рендгенски зраци за брзи и прецизни хемиски анализи во сите делови на технолошкиот процес.

Резултатите од анализата се достапни по неколки минути, што овозможува да се има брзо и ефективно влијание на квалитетот на производите.

Публикации
Квалитетот - Стратешка Определба на Менаџментот


Сертификати