Хортикултурното уредување на училиштата продолжува

Цементарница УСЈЕ АД Скопје веќе петта година претставува активен партнер и донатор на основните училишта во Општината Кисела Вода во областа на животната средина. Имено, Компанијата секоја пролет и есен организира акции за засадување дрвца во училишните дворови на основните училишта.  Целта на овој проект е развивање на свеста на учениците од основните училишта за значењето и чувањето на животната средина.

ОУ Кирил Пејчиновиќ
На ден 18.03.2010 год. Цементарница УСЈЕ АД Скопје учествуваше со своја донација од 20 дрвца Thuja Columnaris на акцијата организирана  по повод патрониот празник на ОУ Кирил Пејчиновиќ.  Вработените заедно со учениците од училиштето поминаа пријатно претпладне во хортикултурно разубавување на училишниот двор.


ОУ Невена Георгиева Дуња
На ден 19.03.2010, вработените во Секторот за финансии при Цементарница УСЈЕ АД Скопје учествуваа во КОО активност во локалното основно училиште "Невена Георгиева Дуња". Активностите опфаќаа расчистување на сметот насобран во училишниот двор по изградбата на новата спортска сала. Членовите на Секторот за финансии исто така беа помогнати и од тешка механизација овозможена од компанијата.