Годишна програма за МБА стипендии

Годишната програма за стипендирање на Цементарница УСЈЕ АД Скопје е наменета за врвните додипломци.

Годишно се обезбедуваат две стипендии за врвни универзитетски студенти од целата земја за магистерски студии по бизнис администрација на Универзитетот АЛБА во Атина, Грција (www.alba.edu.gr). Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги покрива целокупните трошоци за школување плус месечен надомест за трошоци за живот.

Главната цел на оваа програма на УСЈЕ е да се придонесе во подобрувањето на академскиот и професионален успех на локалните дипломци.

Програмата им помага на дипломците во развивањето на нивното знаење за современата теорија на менаџментот, а истовремено им помага на бизнисите да се здобијат со квалитетна работна сила со високо образование од областа на бизнис менаџментот.