TITAN - Code of Conduct

Кодекс на Однесување

Уште од основањето во 1902 година, ТИТАН се водеше од верувањето дека бизнисот може да комбинира конкурентност и ефикасност со етичките принципи и чувствителност кон потребите на заедницата.

Како што се ширеа меѓународните активности на ТИТАН, така се ширеше и потребата за пренесување на принципите и вредностите кои ја водеа Компанијата низ историјата во овие нови области. Нашата посветеност на овие принципи и вредности се потврдуваат на дневна основа со однесувањето на сите членки на ТИТАН Групацијата; ова е од витална важност за градење на иднината на Компанијата.

Нашата посветеност кон Корпоративната Општествена Одговорност и поддршката на одржливиот развој се интегрални делови на нашата стратешка определба; тие се природно и логичко продолжување на нашето минато и постојни практики. Менаџментот на Групацијата сака да се увери дека основните вредности се целосно разбрани од страна на сите вработени, постојани соработници и снабдувачи, така што сите оперативни единици се држат кон нив низ целата Групација.

Токму затоа го подготвивме овој документ: „ТИТАН Групација – Корпоративни Вредности и Кодекс на Однесување“

Глобални Локации на Титан Групација