Хортикултурни активности во основните училишта во општина Кисела Вода


Цементарница Усје и оваа есен продолжи со активности за засадување дрвца во училиштата во Општина Кисела Вода.  На 13ти Ноември, на „Денот на Дрвото“ , Усје во соработка со Општина Кисела Вода зема  активно учество со голем број вработени и ангажирање на сопствена механизација.  Компанијата ги продолжи активностите на садење дрвца преку хортикултурно уредување на дворовите на основните училишта во општина Кисела Вода.  Во рамки на акцијата беа посетени 7 училишта и една детска градинка каде беа засадени вкупно 130 различни садници во зависност од потребите на училиштата и поединечните планови за уредување на дворовите.



Акцијата започна на 13.11.2009 во о.у. „Кузман Јосифовски-Питу“ каде беа засадени 12 чемпреси, 5 цветни грмушки, 40 садници од типот Thuja columnaris и 20 садници Lunicera.
На 21 ноември акцијата беше имплементирана во дворот на детската градинка „Весели Цветови“ – клон „Кокиче“ и се засадија 85 метри зелена ограда од типот Ligustrum.
Во периодот од 23-27 ноември беа посетени училиштата „Кирил Пејчиновиќ“, „Круме Кепески“, „Партение Зогравски“, „Климент Охридски“, „Рајко Жинзифов“ и „Кузман Шапкарев“ каде се засадија над 50 садници од типот  Thuja columnaris со висина од 60 – 100 сm.



Во сите училишта активноста беше одлично прифатена од наставниот кадар и учениците кои земаа дирекно учество во садењето. За одбележување е топлиот прием во детската градинка Кокиче, каде најмладите покрај активното учество во садењето, приредија и мала приредба за претставниците од Цементарница Усје.

Овој проект претставува продолжување акцијата со која Цементарница Усје веќе неколку години по ред секоја пролет и есен, донира и засадува дрвца, украсни грмушки и цвеќе во основните училишта во општина Кисела Вода.

Соработката со образовните установи во Општината се планира во иднина да продолжи и да се продлабочи и со други активности од заеднички интерес.