Проекти за хортикултурно уредување

Цементарница УСЈЕ АД е активен партнер на локалните образовни институции во нивните напори за промовирање на околината.

Се работи на постојани проекти за хортикултурен дизајн на површините на училишните дворови во основните училишта во Општина Кисела Вода.

Во рамките на овој проект, секоја година се засадуваат нови дрвца и растенија во училишните дворови и истите се уредуваат. Целта е подигање на свеста на учениците во врска со потребите за одржување на околината.