Kонкурс за доделување стипендии за МБА студии на УКИМ за учебната 2010/2011г

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Општествената одговорност претставува основна вредност и суштина на филозофијата на Групацијата ТИТАН и Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Вложувањето во образованието, придонесот за издигнување на академскиот и професионалниот успех и отворање на нови можности за македонските студенти претставува една од нашите приоритетни заложби. Во овој контекст, Цементарница УСЈЕ ја објавува шестата по ред Годишна програма за стипендии за учебната 2010/2011 година: 


                                                              Цементарница УСЈЕ АД Скопје

                                                Годишна програма за Стипендии за МБА Студии

 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за МБА студии на Универзитетот Св.”Кирил и Методиј” -Скопје, Економски Факултет, за учебната 2010/2011 година.

Критериуми и потребна документација:
1. CV на англиски јазик
2. Диплома за завршен факултет, VII степен, (Економски, Електротехнички, Машински или Технолошки)
3. Одлични академски резултати (просечна оценка над 8.00)

Кандидатите треба да ја достават потребната документација најдоцна до 13.09.2010 година на адреса:

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
Служба за човечки ресурси и кадровски работи, “Борис Трајковски” 94, 1000 Скопје
е-маил: hr@usje.com.mk

                                Сите апликации ќе се сметаат за строго доверливи.