Заштита на Животна Средина


Рекултивација на рудниците

Активностите кои се одвиваат во Цементарница УСЈЕ АД многу зависат од користењето на природните ресурси.
Разбирливите проценки на влијанијата врз Животната Средина и плановите за рекултивација ги покриваат сите аспекти на развој, работење, како и на покривање на коповите.

Традиционалните методи, како што е пошумувањето и современите методи, како што е хидросеењето, се користат за рекултивација на коповите. Притоа се преземаат специјални мерски за да се заштити биодиверситетот.

“Зелен Појас”

Цементарница УСЈЕ АД прави сè што може за да ги намали сите влијанија врз Животната Средина.

Во тој поглед подготвува Студија за рехабилитација на коповите кои се во сопственост на компанијата (Студијата ја изработува Шумарскиот факултет – Скопје), како и План за Зелен Појас по периметарот на фабриката со цел намалување на визуелното и звучното влијание врз најблиската средина и додавање нови вредности на искористените области.

За да се осигура квалитетно садење на овие растенија, еден дел од земјиштето во сопственост на Цементарница УСЈЕ АД го претворивме во расадник во кој се одгледуваат садници кои се потребни за остварување на целите предвидени со Студијата.

Резултатите од петгодишните напори за остварување на овие планови веќе се видливи – по периметарот на фабриката и на нејзините копови се засадени огромен број садници. Вкупниот број дрвја кои се засадија во последниве пет години е околу 80.000 дрвја и околу 20.000 други растенија, цвеќиња, грмушки и украсни дрвца.

Во наредните пет години се планира да се направи Зелен Појас околу периметарот на фабриката со повеќе од 500.000 дрвја. Ваквите резултати се поттик за УСЈЕ да си постави повисоки цели и во рамките на операциите да развие една зелена зона на која ќе бидеме горди и која ќе придонесе за доброто на заедницата.

 

Ден на дрвото

Животната Средина не е нешто со што можеме да се однесуваме како сакаме, туку треба да ја чуваме за идните генерации и наша обврска е да се погрижиме да остане недопрена и погодна за животот на човекот.

Поради пожарите кои се случија во летото 2007 година, во март 2008 година една локална невладина организација, со поддршка од Владата, започна иницијатива за засадување 2 милиона дрвја низ целата земја. Цементарница УСЈЕ АД се приклучи на оваа иницијатива и зеде активно учество во настанот „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”.

Во акцијата, 130 вработени, заедно со 67 извидници од извидницата „Галеб” засадија повеќе од 4.000 садници на површина од 2 хектара во околината на селото Ајватовци во општината Илинден која беше зафатена од пожарите.

Втор ден, 19.11.2008 
Менаџерскиот тим на Цементарница УСЈЕ АД, заедно со вработените, се приклучи на кампањата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”. На месноста Текишки рид, една од локациите одбрани за засадување дрвја, повеќе од 500 вработени на компанијата засадија неколку илјади садници, со што активно се вклучија во иницијативата чија крајна цел е подигнување на еколошката свест и заштита на средината.