УСЈЕ по седми пат дел од акцијата "Ден на дрвото - Засади ја твојата иднина"

Вработените на Компанијата и претставниците на менаџерскиот тим пошумуваа на локалитетот во с. ‘Ржaничино и во училиштата во Општина Кисела Вода

И оваа година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје беше дел од големата акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“. Околу 50 вработени од Компанијата заедно со дел од менаџерскиот тим, на 31 март засадија неколку стотици садници на определениот локалитет во атарот на село ‘Ржаничино во Општина Петровец. 

      

По акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, Цементарница УСЈЕ АД Скопје продолжува со бројни активности за унапредување на животната средина. Имено, секоја година на иницијатива на Компанијата се реализираат хортикултурни проекти за засадување на нови садници, цвеќе и уредување на зелениот појас во образовните институции и јавните простори на територија на Општината Кисела Вода. До крајот на април годинава како донација на Цементарница УСЈЕ АД Скопје ќе бидат засадени дополнителни 200 садници во девет основни училишта во Општината.

Акциите за зазеленување и разубавување на јавни површини се во согласност со Политиката за општествена одговорност на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Ние и понатаму ќе подржуваме активности кои имаат за цел здрава и чиста животна средина секаде кадешто нашиот придонес може да биде од општа корист.