TITAN - News

Нацрт ИСКЗ Дозвола

Како дел од постапката за Интергирано Спречување и Контрола на Загадувањето (ИСКЗ) за А - инсталации, Министерството за животна средина и просторно планирање на 30.09.2010 ја објави Нацрт Дозволата за усогласување со оперативен план за Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Со оваа постапка за засегнатата јавност се обезбедува увид во Нацрт дозволата, како и можност за доставување на коментари по истата.

Објавувањето на Нацрт Дозволата за усогласување со оперативен план за Цементарница УСЈЕ АД Скопје, е резултат на долгогодишна работа на стручните лица во Министерството за животна средина и во Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а истата дава информации за условите кои од аспект на заштита на животната средина се поставени за работата на  Цементарницата.

Објавата на Нацрт дозволата и  вклучувањето на јавноста во процесот на ИСКЗ се целосно во склад со нашите заложби за транспарентност во работењето и отворена комуникација со заинтерeсираните страни по прашањата поврзани со заштита на животната средина.