TITAN - Hydraulic binder Usjemal

Нашите Производи


УСЈЕМАЛ

Општо: “Усјемал” е брендираното име на нашиот зидарски цемент MC-5, класа на цврстина 5 во согласност со стандардот MKC EN 413-1. Тоа е хидраулично врзивно средство со висок степен на пластичност и трајност. Минималната содржина на клинкер изнесува 25%, додека останатите главни состојки се варовник, песок, 1% природен гипс (за контрола на врзувањето) и хемиски додатоци ( адитиви за вовлечен воздух). Ваквата композиција на составните материјали обезбедува добра обработливост, едноставна примена, боја блиска до онаа на цементот и добри термоизолациони карактеристики.

Примена: Усјемалот се користи за подготовка на зидарски малтери за зидање со цигли и/или блокови како и за малтерисување на зидови. Воздушните микро-спори обезбедуваат добра обработливост, зголемена мразо-отпорност (имаат улога на еласатични амортизери) додека пак смесата на разновидни минерални состојки обезбедува одлична атхезија (лепливост) за керамички или бетонски блокови и за природен камен. Основните атрибути на Усјемалот се: пластичност, обработливост, атхезија (лепливост) отпорност на мраз и механички влијанија.

Производството на Усјемалот е под строга контрола како би се обезбедила константност на механичките својства и бојата.

ИЗЈАВА ЗА СВОЈСТВА (279/13-1/1/y)

Контакт
ул. Борис Трајковски, 94
1000, Скопје Р. Македонија

Тел: 00389 (2) 2782 500
Факс: 00389 (2) 2786 390

За детални контакт информации овде: