УСЈЕ доделува стипендии за МБА студии на АЛБА во Атина и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’ - Скопје

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја промовираше својата традиционална Годишна програма за доделување стипендии за МБА студии

15.03.2010, Скопје.
Општествената одговорност претставува една од водечките вредности на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Групацијата Титан и тоа со особена посветеност кон областите: здравје и заштита при работа, животна средина и образование.

Во таа насока, Цементарница УСЈЕ АД Скопје и оваа година доделува 3 стипендии за МБА постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и една за Факултетот за постдипломски бизнис студии АЛБА во Атина, Грција.  Целта на компанијата е да даде придонес кон зајакнувањето на академскитe и професионалнитe перспективи на македонските дипломирани млади кадри.

Промоцијата на Годишната програма за доделување стипендии се одржа на ден 15.03.2009 година, во просториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на која воведен говор имаше Деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Љубомир Кекеновски. Главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, г-дин Антониос Николопулос ја презентираше Годишната програма за стипендии на УСЈЕ, додека Про-Деканот на Факултетот АЛБА им ги претстави на заинтересираните студенти можностите и придобивките од стекнувањето дополнително знаење и практични вештини кои ги нуди оваа реномирана институција.

Програмата за стипендирање ќе им помогне на дипломираните студенти да го продлабочат своето теоретско и практично знаење за современиот менаџмент и, во исто време, ќе му помогне на бизнис секторот во пронаоѓање кадар со образование од областа на деловната администрација.

Ова е 6-тата генерација постипломци кои ќе го продолжат своето образование со стипендиите за МБА студии кои ги нуди УСЈЕ.  Досега, дванаесеттина млади студенти ги завршија едногодишните постдипломски студии по бизнис администрација на АЛБА што им ги прошири можностите за вработување ширум светот.

Контакт: hr@usje.com.mk