Титан Групација - Резултати од првите 9 месеци во 2009год.

Прометот на ТИТАН Групацијата во првите девет месеци од 2009 год. достигна  1.046,2 милјони евра, што претставува 11,6% помалку во однос на претходната година.  ЕБИТДА опадна за 11,4% и достигна € 257,9 мил. Нето Добивката за Групацијата, по малцинското учество и даноците  достигна € 103,7 мил. , што претставува 36,5% помалку споредено со истиот период минатата година.

На резултатите позитивно влијание имаа и подобрениот курс на Доларот и Египетската Фунта во однос на Еврото.  При фиксни курсеви, приходите на Групацијата би се намалиле за 14,4%, додека ЕБИТДА за 12,6%.

На работењето на Групацијата негативно влијаеше и долготрајната, длабока криза на градежниот сектор во САД, долготрајното опаѓање на побарувачката на градежни материјали во Грција како и опаѓањето на пазарите во Југоисточна Европа.  Значителниот раст на Египетскиот пазар успеа да изврши само делумно подобрување на ситуацијата.

Во третиот квартал, оперативната добивка (ЕБИТДА) покажа маргинален пад од 2,1% споредено со претходната година.  Ова беше резултат на иницијативите на сите нивоа во Групацијата за намалување на трошоците, како и позитивните ефекти од намалените цени на горивата споредено со истиот период минатата година.

 

 € мил.

Q3 2009

Q3 2008

% разлика

9М 2009

9М 2008

% разлика

Приходи

362.6

418.5

(13.4%)

1,046.2

1,183.5

(11.6%)

ЕБИТДА

96.8

98.9

(2.1%)

257.9

291.0

(11.4%)

Профит пред оданочување

51.4

57.0

(9.9%)

128.2

179.4

(28.6%)

Профит пред оданочување и малцински удели

44.3

47.3

(6.3%)

103.7

163.2

(36.5%)


Влошувањето на вкупната економска состојба во Грција и вишокот на градежни  материјали на пазарот негативно се одрази на градежните активности.  Во Грција и Западна Европа, за деветте месеци во 2009 година ЕБИТДА достигна € 96 мил., и е за 29% пониско од истиот период во 2008.

Во САД, побарувачката на градежни материјали продолжи да опаѓа, што придонесе за  преголема понуда на куќи на пазарот, континуирано намалување и на бројот на издадени дозволи, како и за кризата која се прошири и вон пазарот со недвижнини.  Што се однесува пак на проектите од јавен интерес, само минимален дел од фондовите на програмите за економски стимуланси беа издадени досега, со занемарлив ефект на побарувачката на градежни материјали на нашите пазари.  Оперативната добивка (ЕБИТДА) опадна за 20% достигувајќи € 28 мил.        

Побарувачката за градежни материјали значително опадна и на сите регионални пазари во Југоисточна Европа.  Изградбата на новата фабрика за цемент во Албанија продолжува според планираното.  Групацијата конкурентно го шири своето присуство на пазарите во овој регион, со план дека фабриката ќе стартува со работа во првиот квартал од 2010 година.  Вкупниот ЕБИТДА во Југоисточна Европа опадна за 26% на €61мил. 

Во Источно Медитеранскиот регион зголемената побарувачка во Египет, во комбинација со аквизицијата во 2008 год., доведе до значително подобрување на финансиските резултати.  Во првите 9 месеци ЕБИТДА порасна за 91 % на  € 72,5 мил. 

Со цел да се прилагоди на постоечките услови, ТИТАН Групацијата останува фокусирана на генерирање на позитивни парични текови, преку контролирање на трошоците, намалување на оперативните трошоци и прецизно управување со ликвидноста.  Општите, административни и трошоци за продажба (СГА) за деветте месеци од 2009, споредено со минатата година се намалија за 16%.  Истовремено, нето долгот на Групацијата се намали за € 85 мил. споредено со крајот на 2008 год.

Зголемените финансиски трошоци негативно влијаеја врз резултатите, заради повисокиот степен на задолженост и зголемените трошоци по основ на амортизација, како резултат на зголемените инвестирања на Групацијата во 2008 год.  Исто така, позитивното еднократно влијание на данокот од € 16 мил. којшто Групацијата го евидентирала за 2008 год., се одрази на основицата за споредување со истиот период во 2009 год.

 

ПРЕДВИДУВАЊА ЗА ОСТАТОКОТ ОД 2009 год.

Во контекст на економската криза која продолжува, трендовите кои преовладуваа на нашите пазари во првите девет месеци се очекува генерално да останат исти и за остатокот од годината.  Сепак, и покрај овие негативни услови, Групацијата останува фокусирана на нејзините вредности и стратегиски приоритети. 

Асоцијацијата за Портланд Цементи од САД, неодамна ги ревидираше своите предвидувања за трендовите на потрошувачка на цемент во 2009год., на -27%, додека за 2010год. се очекува пресврт во позитива до 5%.  Исто така, се очекува и дека програмите со економски стимуланси преку аукции на јавни инфраструктурни проекти нема да влијаат на побарувачката на цемент во остатокот од оваа година.

Во Грција, се очекува пазарот за изградба на куќи да остане слаб, што негативно ќе се одрази на побарувачката на градежни материјали.

Во Југоисточна Европа се очекува да продолжат негативните трендови на градежните активности, во контекст на генералната економска рецесија во регионот.

Од друга страна, во Египет се очекува градежните активности да го задржат трендот на висок раст.  Во фабриката Бени Суеф, новата производна линија, со производен капацитет од 1,5 мил. тони цемент годишно беше завршена на време, како и во рамките на буџетот.  Примопредавањето започна во месец ноември 2009, и новата линија веќе придонесува за задоволување на растечките потреби на пазарот.

И, конечно во Турција, наскоро се очекува понудата на цемент да ја надмине побарувачката, што ќе ги задржи продажните цени на ниско ниво.

 

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА КОМПАНИЈАТА

На ниво на компанијата мајка, прометот достигна € 339,6 мил., или пад од 19%, додека ЕБИТДА достигна €88,5 мил., или 24% пониско, како одраз на падот на домашниот пазар.  Нето добивката после оданочување и малцинското учество се намалија за 51% споредено со претходната година, достигнувајќи € 40,9 мил.

Титан е независен производител на цемент и градежни материјали со повеќе од 100 години искуство во индустријата.  Групацијата, со матична земја Грција, оперира во 7 држави и поседува 12 фабрики за цемент.  Во текот на целото свое постоење, Титан има за цел комбинирање на одлично оперативно работење, притоа со почит кон луѓето, општеството и животната средина.

Во 2008 год., продажбата на Групацијата беше над 17,2 мил. тони цемент и цементни материјали, 5,4 мил. м3 готов бетон, 18,6 мил. тони агрегати и други градежни материјали, како бетонски блокови, суви малтери и др.

Детални финансиски и други податоци може да се најдат на веб-сајтот на Титан Групацијата: www.titan-cement.com.

Деталните финансиски резултати на англиски јазик од првите 9 месеци во 2009 година, можете да ги видите тука