Нашите Производи


CEM IV/B (V-P) 32,5

Општо: CEM IV/B (V-P) 32,5 R претставува Пуцолански цемент со високо учество на летечка пепел ( V ) и природни пуцолани ( P ). Содржината на клинкер е во границите на 45%-64%, додека останатите состојки воглавно се летечка пепел (V) и природни пуцолани (P). Што се однесува до јакосните карактеристики, овој цемент е на дното на нашата производна програма, но тоа не го прави помалку вреден од останатите цементи. Ниското учество на клинкер многу ја намалува топлината на хидратација, а високото учество на минерални додатоци уште повеќе допринесуваат кон отпорноста на хемиски агресии.

Примена: Овој цемент може да се користи за изградба за објекти со нормални размери (згради со катност до 3, помали приземни индустриски објекти и сл.) за подготовка на бетони со најголема класа на цврстинја од C 25/30 и кадешто раните јакости на бетонот не се од голем значај. Неговата главна примена се инфраструктурните објекти, за бетони изложени на хемиски агресии (третман на отпадни води, резервари за вода, канали за наводнување, и т.н.), за бетонски конструкции со големи пресеци (потпорни зидови, темели, темелони шипови или бунари), префабрикувани цевки и шахти, цементни кошулки и прекривки, масивни брани, бетонски коловози, за подготовка на зидарски малтери, разни патеки и т.н.


Резултати од нашиот CEM IV/B (V-P) 32,5 R (согласно MKC EN 197-1, просечни вредности за 2012 година)

ИЗЈАВА ЗА СВОЈСТВА (1128 - CPR - FY.CP.0008/2)


Контакт
ул. Борис Трајковски, 94
1000, Скопје Р. Северна Македонија

Тел: 00389 (2) 2782 500
Факс: 00389 (2) 2786 390

За детални контакт информации овде: